
Заменик-гувернерката на Банката на Англија, Сара Бриден, предупреди за ризикот од пад на глобалните берзи и додаде дека акциите на компаниите се преценети.
Таа изјави дека цените на акциите вештачки се одржуваат на високо ниво и покрај зголемените глобални ризици, вклучувајќи ги геополитичките тензии на Блискиот Исток и неизвесностите во светската економија.
Според неа за Би-Би-Си, постојат голем број фактори кои можат негативно да влијаат на пазарите, како што се ненадејната промена во проценката на компаниите за вештачка интелигенција и проблемите во секторот за приватно кредитирање.
„Постои голем ризик, а сепак цените на недвижностите се на рекордно високо ниво. Очекуваме дека во одреден момент ќе има прилагодување“, рече Сара Брајден.
Пазарите можат да останат на високо ниво долго време, но ризикот од ненадејна корекција се зголемува кога неколку негативни фактори се совпаѓаат во краток период, објавува „Гардијан“.
Клучно е финансискиот систем на Велика Британија да биде доволно стабилен за да издржи евентуален пад, рече Брајден.
Со сличен тон се огласи и Комитетот за финансиска политика на Банката на Англија, кој претходно ги посочи ризиците поврзани со високата проценка на компаниите во секторот за вештачка интелигенција, можните нарушувања во таа индустрија, како и растот на приватното кредитирање.











