Совет на европските аеродроми: Помалите европски аеродроми се изложени на ризик поради криза со горивото

Помалите аеродроми во Европа би можеле да се соочат со сериозни проблеми со опстанокот доколку недостигот на гориво за авиони, предизвикан од кризата на Блискиот Исток, доведе до широко распространети откажувања на авио линии, предупреди  Здружението на аеродроми на Советот на Европа.

Иако авиокомпаниите велат дека во моментов нема проблеми со снабдувањето за вообичаениот период од четири до шест недели, војната меѓу САД и Израел против Иран и ефикасното затворање на Ормутскиот теснец ја удвоија цената на горивото за авиони, што веќе ги натера некои превозници да откажат летови.

Советот на аеродроми на Европа соопшти, објавува Гардијан, дека регионалните аеродроми се најизложени и се соочуваат со „егзистенцијална закана“ доколку авиокомпаниите го намалат капацитетот и ги зголемат цените на билетите, бидејќи побарувачката на тие линии е почувствителна на цените.