Албанија и САД потпишаа договор за гас на 20 години, вреден шест милијарди долари

Албанија и Соединетите Американски Држави потпишаа 20-годишен договор за снабдување со течен природен гас (LNG), во договор вреден околу шест милијарди долари (околу 5,12 милијарди евра), објавува Ројтерс.

Според Ројтерс, договорот меѓу американската компанија Venture Global и Aktor LNG USA предвидува долгорочен извоз на американски гас во Албанија.

Договорот е дел од пошироката стратегија на САД за зголемување на своето присуство во енергетскиот сектор на Југоисточна Европа, како и за диверзификација на изворите на снабдување со гас во европските земји.