
Американската Федерална резерва (ФЕД) ја задржа вредноста на референтната каматна стапка во опсег од 3,5 до 3,75 проценти, со предупредување дека инфлацијата е сè уште висока.
Одлуката е донесена со сооднос на гласови од осум спрема четири, што претставува најдлабока поделба на врвот на американската централна банка од 1992 година, објави Ројтерс.
Тројца функционери се спротивставија на формулацијата што алудираше на идно намалување на каматните стапки, додека еден член гласаше за итно намалување на стапката.











