
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со
комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на
Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на
потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ
Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1-ви и 2-ри мај, иако грејната сезона завршува на 30 април.
Одлуката следува по добиените пет дневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината. Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење.











