ЕЦБ најавува можно зголемување на каматните стапки уште во јуни

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард,  посочи дека банката би можела да размисли за зголемување на каматните стапки уште во јуни.

ЕЦБ ги задржа сите три клучни каматни стапки на исто ниво – референтната каматна стапка за депозити на два проценти, каматната стапка за главните операции за рефинансирање на 2,15 проценти и каматната стапка за маргиналната кредитна линија на 2,4 проценти, со образложение дека сè уште нема доволно цврсти докази во економските податоци за да се оправда затегнување на монетарната политика.

Како што изјави Лагард, во Советот на гувернери се одржа детална дискусија за можното зголемување на каматните стапки.