
Цените на нафтата пораснаа по иранскиот ракетен напад врз енергетската инфраструктура во Обединетите Арапски Емирати во понеделник и продолжената ескалација во Ормутскиот теснец.
Цената на нафтата од типот Брент порасна за пет проценти и се движеше на ниво од 113 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) за 3 проценти, на околу 105 долари за барел, објави Trading Economics.
Енергетската инфраструктура и танкерите повторно се погодени од оваа ситуација, што претставува продлабочување на кризата поради нарушено глобално снабдување и потенцијални економски последици.











