Европската автоиндустрија пред голем шок: Царините на Трамп носат огромни финансиски удари

Претседателот Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со зголемување на царините за автомобили од 15 проценти на 25 проценти.

Доколку заканата се оствари, европските производители на автомобили би можеле да изгубат 3,5 милијарди евра во остатокот од 2026 година и 5,7 милијарди евра профит во 2027 година, проценува Бернштајн, компанија која се занимава со аналитика. ЕУ сè уште не го ратификувала својот трговски договор со САД од септември 2025 година, пишува Automotive News Europe.

Доколку заканите се остварат, производители како што се Порше и Ауди, кои немаат производствени капацитети во САД и кои ги извезуваат своите модели на американскиот пазар, ќе бидат особено погодени.

Но, проблемите нема да ги заобиколат повеќето други европски производители, кои делумно произведуваат во САД, а дел од автомобилите увезуваат од Европа.