
Просечната цена на бензинот во Соединетите Американски Држави се искачи на 4,51 долар за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на GasBuddy.
Порастот на цените е поврзан со продолжувањето на конфликтот во Иран и прекините во Ормутскиот теснец, клучен пат за глобален транспорт на нафта, каде што сообраќајот е ограничен, објави ABC.
Според „GasBuddy“, цената на бензинот се зголемила за 21 цент за галон во споредба со минатата недела, додека е поскапа за повеќе од 1,50 долари за галон од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари.











