Угостителството повторно поскапува – во април најмногу поскапела храната, ноќевањата остануваат исти

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на угостителските услуги во април 2026 година се зголемени за 0.6 % во однос на претходниот месец

Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %.

Цените во угостителството во април 2026 година, во однос на март 2026 година, во следниве групи се зголемени за:

  • 0.8 % кај Храна
  • 0.2 % кај Алколхолни пијалаци
  • 0.1 % кај Безалкохолни пијалаци 

Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.