Брз пад на резервите: Залихите на нафта би можеле да бидат доволни за само 98 дена

Светските залихи на произведена нафта се приближуваат кон најниското ниво во последните осум години. Покрај тоа, нафтата што моментално се наоѓа во магацините низ целиот свет, на сегашното ниво на потрошувачка, е доволна само за 101 ден, пишуваат медиумите, повикувајќи се на една од најголемите инвестициски банки во светот – Голдман Сакс.

Експертите ја поврзуваат оваа ситуација со континуираните ограничувања на испораките преку Ормутскиот теснец.

Се наведува дека, доколку ситуацијата не се промени, до крајот на мај, залихите на нафта ќе бидат доволни за 98 дена.

Банката, исто така, пресметала колку се промениле светските комерцијални залихи на нафтени деривати, како што се бензин или дизел, по почетокот на воената операција на САД и Израел против Иран. Пред тие настани, залихите биле доволни за 50 дена потрошувачка, додека сега покриваат само 45 дена.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја опиша моменталната ситуација како „најголемо нарушување на снабдувањето во историјата на глобалниот пазар на нафта“. ИЕА, која има 32 члена, се обиде да ги ублажи последиците од нарушувањата во глобалното снабдување со енергија со одлука во март да ослободи 400 милиони барели нафта од стратешките резерви.