
На девизните пазари, индексот на доларот, кој го покажува однесувањето на американскиот долар во однос на шест други главни светски валути, утрово падна за 0,33 проценти на 97,95 поени. Тоа е значително под минатонеделните 99 поени.
Како што растат надежите за мировен договор меѓу САД и Иран, американската валута слабее, додека оние чии економии се повеќе изложени на увоз на нафта, како што е европската, зајакнуваат. Така, еврото ги задржа вчерашните добивки од околу 0,5 проценти и се движи кон 1,1747 долари, откако го допре највисокото ниво во последните две недели од 1,1797 долари во текот на ноќта. Курсот на јенот, од друга страна, ослабе за 0,03 проценти во однос на доларот, на 156,37 јени за долар.
Јенот останува во центарот на вниманието откако ненадејните скокови во изминатите неколку сесии ги поттикнаа шпекулациите дека Токио можеби интервенира за да ја поддржи ослабената валута. Јенот последен пат беше на 156,29 јени за долар, речиси непроменет, по ненадејниот скок на 10-неделен максимум од 155 јени во претходната сесија.











