Полошкиот Регион лидер во Македонија со најмногу издадени одобренија за градење

Бројот на одобренијата за градење во март 2026 година е намален за 26.6 % во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во март 2026 година се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  24 574 417 илјади денари, што е за 21.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период се издадени одобренија за градба на ветерни паркови за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 128 MW на територијата на општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се со голема вредност.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 (60.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.7 %) за објекти од нискоградба и 66 (26.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 245 објекти, на 136 (55.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (44.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од   53 718 м2.

Во  март 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 148, се издадени за високоградба 
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 62
  • За изградба се предвидени 618 станови