
Икеа одлучи да го затвори својот продажен центар во Шведска за прв пат во последните 40 години.
Станува збор за продавница што е отворена во Борленге во 2013 година и вработува околу 230 работници. Според соопштението што го објави „Афтонбладет“, компанијата наведува дека наместо постоечкиот центар, планираат да отворат помал објект, прилагоден на идните трендови во малопродажбата.
Новата продавница треба да се отвори во трговскиот центар Куполен во текот на првата половина од 2027 година. Според директорот за продажба за Шведска, Мајкл Паркер, затворањето на големиот центар е директна последица од промената на навиките на потрошувачите. Околу 20 проценти од вкупната продажба на Икеа денес се реализира преку интернет.











