80% од туристите во март биле странци – Германците и Турците најбројни гости во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистикавВо март 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во март 2026 година изнесува 134 233, од кои 26.5 % се од домашните туристи, а 73.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0.2 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во март 2026 година:

  • 9 645 од Германија
  • 9 090 од Турција
  • 4 945 од Франција
  • 3 955 од Србија