Годишната инфлација во Србија се искачи на 3,3 отсто

Инфлацијата во Србија на годишно ниво се зголеми од 2,8 проценти во март на 3,3 проценти во април, објави денес Републичкиот завод за статистика.

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во април 2026 година, во споредба со март 2026 година, се зголемија во просек за 0,8 проценти.

Во споредба со истиот месец во 2025 година, потрошувачките цени во април 2026 година се зголемија за 3,3 проценти, а во споредба со декември 2025 година, за 2,1 процент, во просек, се наведува во соопштението.