Индустриското производство во еврозоната се зголеми за 0,2 проценти месечно

Сезонски прилагоденото индустриско производство во Еврозоната се зголеми во март за 0,2 проценти на месечно ниво, а во целата Европска унија за 0,8 проценти, според првата прелиминарна проценка објавена од Евростат.

Во Европската Унија, производството на интермедијарни производи се зголеми за 1,4 проценти во споредба со февруари, производството на капитални добра за 1,2 проценти на месечно ниво, а на трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент.

Напротив, во случајот со производството на енергија, месечно намалување е регистрирано за еден процент, а на нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти.