Лоши вести за патниците: Поскапувањето на авиобилетите во Европа е „неизбежно“

Повисоките цени на авионските билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемените трошоци за гориво за авиони, предупреди генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Вили Волш.

Во интервју за Би-Би-Си, Волш рече дека авиокомпаниите не можат да ги амортизираат зголемените трошоци за гориво на долг рок, иако некои европски компании неодамна ги намалија цените на билетите поради послабата побарувачка.

Волш, исто така, предупреди на ризиците од снабдување пред летната сезона, наведувајќи дека британската авијација би можела да се соочи со потенцијален притисок врз залихите на гориво за време на шпицот на сезоната, иако, како што нагласи, „нема причина за паника“.