
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ги повика лидерите на Европската унија да преземат итни мерки за зголемување на конкурентноста на европската економија, предупредувајќи дека европскиот блок сè повеќе заостанува зад САД и Кина.
Зборувајќи во пресрет на доделувањето на наградата „Карлс Велики“ во Ахен, Лагард истакна дека структурните слабости на европската економија се познати одамна и дополнително се нагласени во анализата на нејзиниот претходник на чело на банката, Марио Драги.
Таа изјави дека Европа сè уште има нецелосна рамка на единствениот пазар, фрагментирани енергетски пазари, поделени пазари на капитал и разединета одбранбена индустрија, што значително ја намалува нејзината глобална конкурентност.











