
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го поздрави почетокот на „конструктивен дијалог“ меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, оценувајќи дека намалувањето на трговските тензии и неизвесноста меѓу двете најголеми економии во светот е важно за глобалниот економски раст.
Портпаролката на ММФ, Џули Козак, на прес-конференција изјави дека е „многу важно“ двете најголеми економии во светот да разговараат на највисоко ниво, коментирајќи ги првите резултати од самитот Трамп-Си во Пекинг.
„Го поздравуваме фактот дека постои конструктивен дијалог меѓу двете земји. Сè што придонесува за намалување на трговските тензии и неизвесноста е добро за двете големи економии, но и за глобалната економија“, рече Козак, објави Ројтерс.











