Трамп се пофали од Пекинг: Кина нарача 200 авиони „Боинг“ наместо планираните 150

Кина нарачува 200 авиони „Боинг“ од САД, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

„Едно нешто за кое се согласи денес е дека ќе нарача 200 авиони… Сакаше 150, тие добија 200“, рече Трамп, како што објави Фокс њуз. Веќе се очекуваше дека големата нарачка ќе дојде за време на состанокот на Трамп со Си Џинпинг.

Кинеските власти  на Трамп му приредија спектакуларен пречек во Големата народна сала. Заедно со почесна воена единица, десетици деца кои мавтаа со знамиња и цвеќиња го пречекаа на црвениот тепих.

Атмосферата за време на средбата меѓу двајцата лидери беше видливо пријателска. Си и Трамп се ракуваа на црвениот тепих, а потоа американскиот претседател го обсипа кинескиот лидер со пофалби.