
Меѓународните резерви на Русија се зголемија за околу 12 милијарди евра во текот на една недела и достигнаа околу 686,2 милијарди евра на 8 мај, објави Централната банка на Русија.
Резервите се зголемија за 1,8 проценти на неделно ниво, првенствено благодарение на позитивната ревалоризација на финансиските средства, објави ТАСС.
На почетокот на мај, руските меѓународни резерви изнесуваа околу 674,2 милијарди евра, додека на крајот на јануари достигнаа рекорд од околу 735,9 милијарди евра.











