
Нафтените компании предупредија на сериозни доцнења и дополнителни трошоци предизвикани од користењето на алтернативни копнени патишта за транспорт на нафта, кои беа воведени за да се избегне застојот предизвикан од блокадата на Ормутскиот теснец.
Правките наменети за Блискиот Исток продолжуваат да бидат блокирани во пристаништата, а бизнисите се соочуваат со огромни дополнителни трошоци и покрај напорите на големите превознички компании да најдат алтернативни патишта, објавува „Фајненшл тајмс“.
Цените на билетите на рутата Шангај-Заливот и Црвеното Море достигнаа рекордни максимуми оваа недела, надминувајќи го дури и врвот за време на пандемијата Ковид-19.
Според давателот на податоци „Кларксонс Рисрч“, цената за транспорт на стандарден контејнер од околу седум метри (20 стапки) по таа рута се зголемила од 980 долари пред почетокот на војната на 4.131 долари во неделата до 15 мај.
Голем фактор во зголемувањето на цената се должи на зголемените трошоци за гориво и брзањето да се најде доволен капацитет за превоз на стоки по копнени патишта.
Извршниот директор на „Маерск“, Винсент Клерк, втората најголема компанија за превоз на контејнери во светот, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека е мобилизиран значителен број камиони.
„И Саудијците и Ирачаните ги отворија границите за голем број камиони што доаѓаат од Ирак, Јордан, па дури и од Турција“, рече Клерк.












