
Просечните цени на ѓубривата и средствата за подобрување на почвата во Европската Унија се зголемија во четвртиот квартал од 2025 година за осум проценти во споредба со истиот период од претходната година, објави Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ наведува дека по големото зголемување во 2021 и 2022 година и падот во следните две години, цените на ѓубривата повторно бележат континуиран раст во 2025 година.
Растот на цените е регистриран во 24 од вкупно 27 земји-членки на Европската Унија.












