Бесент: Г7 трпи штетни последици од кинескиот извозен вишок

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека разговорите меѓу министрите за финансии на најразвиените земји од Групата седум (Г7) за глобалните економски нерамнотежи биле фокусирани првенствено на извозната политика на Кина и нејзиното влијание врз светската економија.

Бесент рече дека податоците на Меѓународниот монетарен фонд укажуваат на штетните ефекти од извозниот суфицит на Кина, особено во сектори како што се електричните возила, објави Ројтерс. Тој изјави дека претходно ги предупредил сојузниците од Европа, Канада, Јапонија и Австралија дека ќе се соочат со голем прилив на кинески стоки доколку САД воведат дополнителни трговски бариери.

„САД ќе подигнат царински ѕид, а вредните кинески стоки, кои земјите од глобалниот југ не можат да ги апсорбираат, ќе завршат на други пазари“, рече Бесант по состанокот на Г7 во Париз. Зборувајќи за санкциите против Иран, американскиот министер за финансии оцени дека европските земји треба да дејствуваат посилно против иранските банкарски мрежи, додека азиските земји треба да ја зајакнат контролата врз танкерите поврзани со, како што изјави, „флотата во сенка“ на Иран.

Според него, целта е да се спречи префрлање на иранска нафта на бродови кои не се опфатени со меѓународни санкции.