Европската Унија се согласи да спроведе трговски договор со Соединетите Американски Држави

Рано утрово, Европската Унија се согласи да спроведе трговски договор со Соединетите Американски Држави, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави постигнатиот компромис, наведувајќи дека „ЕУ ги почитува своите обврски“.

„Договорот е договор, а ЕУ ги почитува своите обврски. Го поздравувам договорот постигнат од Европскиот парламент и Советот за намалување на царините за индустрискиот извоз на САД во ЕУ. Ова значи дека наскоро ќе го исполниме нашиот дел од Заедничката изјава на ЕУ и САД, како што беше ветено“, рече фон дер Лајен во објава на Платформа X.

Таа ги повика другите власти „брзо да дејствуваат и да го завршат процесот“, наведувајќи дека заедно можеме да обезбедиме „стабилна, предвидлива, избалансирана и меѓусебно корисна трансатлантска трговија“.