
Според податоците на Државниот завод за статистика во првото тримесечје од 2026 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 5 % во однос на истото тримесечје од претходната година
Во првото тримесечје од 2026 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 348 илјади и е намален за 5 % во однос на првото тримесечје од 2025 година, и тоа:
• во градскиот превоз е намален за 4.7 %,
• во приградскиот превоз е намален за 8.8 %,
• во меѓуградскиот превоз е зголемен за 9.2 %,
• во меѓународниот превоз е зголемен за 1.3 %.
Вкупниот број на патничките километри е 248 568 илјади и е зголемен за 0.3 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:
• во градскиот превоз е намален за 1.8 %,
• во приградскиот превоз е намален за 8.0 %,
• во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.7 %,
• во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 0.4 %.
Превезени патници со автобуси, прво тримесечје 2026 година
- Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 9 348 илјади
- Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 248 568 илјади











