
Првото место го освои тимот од Грција, второто место им припадна на претставниците од Латвија, додека третото место го освои тимот од Италија.
За прв пат оваа година, во рамки на финалниот настан беше организиран и посебен натпревар за наставниците/професорите – ментори, кои се натпреваруваа истовремено додека траеше финалето на квизот. Особено сме горди што наставничката Билјана Ниновска го освои второто место на овој натпревар, постигнувајќи одличен резултат и потврдувајќи го високото ниво на знаење и посветеност.
Иницијативата, започната од Европската банкарска федерација во 2017 година, има за цел да ги унапреди финансиските знаења кај младите и да придонесе кон создавање финансиски одговорна генерација. Оваа година на натпреварот учествуваа вкупно 30 земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.
Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, ќе продолжи активно да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешна и независна иднина на младите луѓе.













