ДЗС објави: Просечната нето-плата во март се искачи на 48.433 денари!

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48. 433 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари, oбјави денеска Државниот завод за статистика.

Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 %, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 % и Информации и комуникации за 11.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 10.9 %, Дејности во врска со недвижен имот за 9.1 % и Информации и комуникации за 8.5 %.

  • Нето-платата во март 2026 година изнесуваше 48 433 денари
  • Во март 2026 година во однос на март 2025 година е повисока за 8.2 %

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2026 година изнесуваше 72 818 денари.

Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.9 %, Дејности во врска со недвижен имот за 12.1 % и Информации и комуникации за 11.3 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 11.2 %, Дејности во врска со недвижен имот за 8.7 % и Информации и комуникации за 7.9 %.

  • Бруто-платата во март 2026 година изнесуваше 72 818 денари
  • Во март 2026 година во однос на март 2025 година е повисока за 8.3 %