Над 840.000 патници на аеродромите, со воз се превезле само 24 илјади луѓе!

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во првото тримесечје од 2026 година е намалено за 19.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2026 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 043 илјади, во градско-приградскиот превоз 8 306 илјади, во железничкиот превоз 24 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 840 532.

Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со првото тримесечје од 2025 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено за 19.4 %, во железничкиот превоз е зголемено за 14.2 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 34.1 %.

Превезени патници и стоки, прво тримесечје 2026 година

•    Превезени патници во патниот патнички превоз: 1 043 илјади
– градско-приградски превоз: 8 306 илјади
– железнички превоз: 24 илјади
– воздухопловен превоз: 840 532

•    Количество на превезена стока
– товарен патен превоз:        -19.4 %
– железнички превоз:          +14.2 %
– воздухопловен превоз:     +34.1 %