Продаден дел од Ајфеловата кула – датира од 1889 година и вреди цело богатство

Спирален сегмент од оригиналното скалиште на Ајфеловата кула е продаден за повеќе од 450.000 евра на аукција во Париз.

Купувачот, кој бил присутен во аукциската сала, станал сопственик на дел од скалите од 1889 година, кога бил завршен споменикот што се извишува над центарот на Париз, објавува Каматица.

„Кога купувате парче од Ајфеловата кула, купувате парче од Париз, заедно со целата имагинација и симболика што ја претставува“, изјави Сабрина Дола, директорка на дизајнв о париската аукциска куќа „Арткуриал“, каде што се одржа продажбата.

Делот продаден во четврток достигна цена од 450.160 евра, три пати поголема од горната граница на проценетата претпродажна вредност помеѓу 120 и 150.000 евра.