Кој го храни светот: 30 земји контролираат поголем дел од глобалниот извоз на храна

Извозот на храна стана една од најјасните мерки за глобалната економска моќ.

Графиконот подолу ги илустрира 30-те најголеми извозници на храна во светот, користејќи податоци од Светската трговска организација. Заедно, овие земји сочинуваат повеќе од 80% од глобалниот пазар за извоз на земјоделски производи вреден 1,5 трилиони долари.

Податоците исто така покажуваат колку е концентрирано глобалното снабдување со храна. Релативно мала група земји денес имаат непропорционално голема улога во хранењето на светот, поради што земјоделската трговија станува сè постратешко прашање, во услови на зголемување на трошоците за транспорт, цените на ѓубривата и геополитичките тензии.

Ранг
Земја
Извоз (2024)
Удел во вкупен гобален износ
Регион
1🇺🇸 САД181,3 Милијарди долари12,1%Северна Америка
2🇧🇷 Бразил144,4 Милијарди долари9,7%Јужна Америка
3🇨🇳 Kина74,8 Милијарди долари5,0%Aзија
4🇨🇦 Kaнада66,3 Милијарди долари4,4%Северна Америка
5🇲🇽 Meксико49,9 Милијарди долари3,3%Северна Америка
6🇮🇩Индонезија49,7 Милијарди долари3,3%Aзија
7🇦🇺 Aвстралија45,8 Милијарди долари3,1%Oкеанија
8🇮🇳 Индија45,5 Милијарди долари3,0%Aзија
9🇹🇭 Taјланд41,8 Милијарди долари2,8%Aзија
10🇫🇷 Франција38,7 Милијарди долари2,6%Eвропа
11🇳🇱 Холандија37,3 Милијарди долари2,5%Eвропа
12🇦🇷 Aргентина34,8 Милијарди долари2,3%Јужна Америка
13🇲🇾 Mалезија33,5 Милијарди долари2,2%Aзија
14🇹🇷 Tурција31,4 Милијарди долари2,1%Блиски Исток
15🇬🇧 ОК30,9 Милијарди долари2,1%Eвропа

Зошто извозот на храна станува сè постратешки

Неодамнешните нарушувања во поморскиот транспорт и повисоките трошоци за енергија го зголемуваат притисокот врз глобалните синџири за снабдување со храна. Бидејќи земјоделството е во голема мера зависно од гориво, ѓубрива и транспортни мрежи, геополитичката нестабилност може брзо да ги зголеми трошоците за производство и транспорт низ целиот свет.

Таа динамика ја зголемува стратешката важност на големите извозници на храна, како што се САД, Бразил, Канада и Австралија, кои имаат обем на производство и инфраструктура за да останат сигурни добавувачи за време на периоди на нарушувања.