
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2026 година изнесува 531 062 МWh, што претставува 79.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Во март 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
667 016 МWh електрична енергија, 16.222 мил. нм3 природен гас, 289 340 тони јаглен и 75 475 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во март 2026 година во однос на март 2025 година:
- Потрошувачката на природен гас е намалена за 68.1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
- Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 14.7 %










