Трошоци во градежништвото: Растат платите, стагнираат цените на материјалите

Според податоците на Државниот завод за статистика трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првото тримесечје од 2026 година во однос на претходното тримесечје се зголемени за 0.8 %

Додека материјалите поевтинуваат, платите ги креваат трошоците во градежништвото

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во однос на претходното тримесечје се зголемени за 0.8 %, трошоците за материјали за 1.0 %, a трошоците за вработените за 0.4 %.

Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 1.2 %, трошоците за материјали се намалени за 0.5 %, а трошоците за вработените се зголемени за 5.0 %.

Во првото тримесечје од 2026 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за:

  • 0.8 % во однос на претходното тримесечје
  • 1.2 % во однос на истото тримесечје од претходната година