Де Гало: ЕЦБ ќе направи сè што е потребно за да ја ограничи инфлацијата

Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена да направи сè што е потребно за да ја врати инфлацијата на целта од два проценти, изјави  гувернерот на Банката на Франција и член на Управниот совет на ЕЦБ, Франсоа Вилерој де Гало.

Тој нагласи дека ЕЦБ се обидува да ги ограничи последиците од војната на Блискиот Исток и порастот на цените на енергијата, објави CNBC.

Според него, порастот на цените на нафтата, предизвикан од нарушувањата во Ормутскиот теснец, создава силни краткорочни инфлаторни притисоци, но ЕЦБ останува решена да го спречи ширењето на инфлацијата на пошироката економија.