
Во април 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 %, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 %, а реално за 11.3 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 %, а реално е зголемена за 5.2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 %, а реално за 9.3 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 %, а номинално за 1.8 %.
Во април 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 %, а реално за
11.3 % - Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 8.6 %, а реално за
9.3 %










