„Голдман Сакс“ ја зголеми прогнозата за S&P 500: Берзанскиот индекс ќе достигне 8.000 поени до крајот на годинава

Њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс ја зголеми својата прогноза за крајот на 2026 година за американскиот берзански индекс S&P 500 на 8.000 поени, од претходните 7.600, со образложение дека се очекува да продолжи силниот раст на заработката на големите корпорации.

Новата целна вредност на S&P 500 е за околу 6,4 проценти повисока од последната забележана вредност на затворањето на берзата, која изнесуваше 7.519,12 поени, пренесува Ројтерс.

Американската инвестициска банка соопшти дека растот на корпоративната добивка досега бил главен двигател на растот на индексот S&P 500 во текот на 2026 година и дека очекува тој тренд да продолжи и во наредните месеци.