
Јапонската компанија „Тојота мотор ко.“ соопшти дека нејзината глобална продажба на возила опаднала трет месец по ред во април, под притисок на остриот пад на побарувачката во Кина и Блискиот Исток.
Компанијата денес објави дека вкупната продажба се намалила за 3,1 процент во споредба со истиот период минатата година, на 849.306 возила, објави „Ројтерс“.
Продажбата надвор од Јапонија се намалила за 7,5 проценти на годишно ниво, додека на домашниот пазар се зголемила за 24,2 проценти, се додава во извештајот.










