
Комерцијална банка АД Скопје ги извести своите клиенти дека исплатата на пензиите за месец мај ќе започне од понеделник, 1 јуни. Банката нуди неколку начини за располагање со средствата, со цел да се обезбеди максимална ефикасност и сигурност за пензионерите.
Од Банката нагласуваат дека ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.
За пензионерите кои претпочитаат лично подигнување на средствата, шалтерите во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка ќе бидат достапни исто така од 1 јуни и во секој работен ден после тоа.










