ТТК Банка денеска врши предвремена исплата на мајските пензии

ТТК Банка АД Скопје соопшти дека денеска започнува со предвремена исплата на пензиите за месец мај.

Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank, со мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа, соопшти ТТК Банка АД Скопје.