
Германските складишта за гас не се полнат доволно брзо, предупреди државната енергетска компанија „Унипер“, истакнувајќи дека се неопходни стимулации за да се избегне недостиг во текот на претстојната зима.
„Нивото на зафатеност на складиштата се зголемува од март, но сепак премногу бавно“, изјави извршниот директор на „Унипер“, Мајкл Луис, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“
Според податоците од Gas Infrastructure Europe (ГИЕ), германските складишта за гас моментално се полни со 30,64 проценти, во споредба со 38,65 проценти во истиот период минатата година.
Повисоките цени на гасот по војната со Иран го намалија интересот на компаниите за складирање гас, кое обично започнува во текот на пролетните месеци, објавува Хина.
„Ако не го наполниме брзо складиштето за гас, ќе имаме проблем следната зима“, предупреди Луис.
Според него, Германија треба да го следи францускиот модел, според кој регулаторот им гарантира на компаниите одредено ниво на цени преку посебни договори.
„Австрискиот модел на стратешки резерви на гас би го зазел само второто место на таа скала“, додаде Луис.
Француските складишта вчера беа полни со 39,73 проценти, а австриските со 44,76 проценти, според податоците на ГИЕ. Во Хрватска на 27 мај, според податоците на GIE, стапката на зафатеност беше 27,46 проценти.










