„Иновациите не треба да се наметнуваат“ – „Ламборџини“ со лекција за автомобилските лидери

Извршниот директор на „Ламборџини“, Стефан Винкелман, изјави дека одлуката на компанијата да се откаже од развојот на целосно електрични возила на батерии (BEV) била правилна.

Винкелман изјави за CNBC дека „Ламборџини“ донел добра одлука кога се откажал од целосно електричниот „Ланзадор“ и електричната верзија на теренецот „Урус“ за да се фокусира на хибридни возила (PHEV).

Тој додаде дека иновациите не треба да им се наметнуваат на клиентите и дека „Ламборџини“ оцениле дека интересот на нивните клиенти за целосно електрични автомобили не расте доволно брзо.