
Годишната инфлација во Германија, според прелиминарната проценка, се забави од априлските 2,9 проценти на 2,6 проценти, објави Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Цените на енергијата во мај беа за 6,6 проценти повисоки отколку претходната година, но растот забави во споредба со април, кога изнесуваше 10,1 процент.
Инфлацијата во германскиот услужен сектор се забрза од априлските 2,8 проценти на 3,1 процент, додека растот на цените на стоките се забави од априлските 2,9 проценти на 2,2 проценти.










