
Лидерите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Светската трговска организација (СТО) предупредија дека поради војната на Блискиот Исток, постои ризик за снабдувањето со гориво во текот на летото, доколку испораката на нафта преку Ормутскиот теснец не се врати во нормала.
Глобалните институции соопштија дека војната меѓу САД и Израел против Иран го нарушила трговијата, ги потресла финансиските пазари и предизвикала загриженост за глобалните снабдувања со енергија, особено преку Ормутскиот теснец, клучен пат за испорака на нафта и гас.
Во заедничката изјава се вели дека светската економија останува отпорна, но дека последиците од конфликтот на Блискиот Исток непропорционално влијаат врз посиромашните земји преку повисоки цени на горивото и ѓубривата, зголемена неизвесност и ризици за работните места. Се додава дека лидерите на тие институции се состанале вчера за да разговараат за тоа како треба да одговорат на економското влијание на војната.
„Доколку протокот на превоз не се врати во нормала, континуираното брзо намалување на глобалните нафтени резерви пред врвот на летната побарувачка за нафта на Северната хемисфера би претставувало зголемен ризик за безбедноста на горивото, пазарните услови и пошироката економска отпорност“, се вели во заедничката изјава.










