
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година изнесува 2.07 %, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 %.
Највисока стапка на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година имаат
• Вардарскиот Регион: 2.28 %
• Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 3.05 %










