Александра Радевска реизбрана за член на Управниот одбор на АЛТА банка

АЛТА банка АД Битола соопшти дека  Александра Радевска доби нов мандат како член на Управниот одбор на Банката. Реименувањето следува по одлуката на Надзорниот одбор од март годинава и добиеното решение за согласност од Извршниот одбор на Народната банка на 28 мај 2026 година. Измената е објавена согласно обврските за котација на берзата.

АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека, согласно Одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор бр. 02-3275/1/II.18 од 2.3.2026 година и добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-9257/9 од 28.5.2026 година, г-ѓа Александра Радевска е повторно именувана за член на Управниот одбор на Банката.