Американските стратешки резерви на нафта на најниско ниво во последните две години

Обемот на стратешките резерви на нафта на Соединетите Американски Држави падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да отвори складишта за да го ублажи глобалниот дефицит предизвикан од конфликтот со Иран.

Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави (EIA) објави дека залихите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари моментално изнесуваат 1,584 милијарди барели, и дека резервите продолжуваат да се намалуваат.

Експертите предупредуваат дека обемот на залихите наскоро би можел да ја пробие критичната граница од 1,5 милијарди барели, што е нивото под кое САД последен пат беа во март 2023 година.