Шпанија руши рекорди: Во април земјата ја посетиле над 9 милиони туристи

Шпанија во април беше домаќин на 9,05 милиони меѓународни туристи, што претставува нов рекорд и раст од 5,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, според податоците објавени денес од Шпанскиот институт за национална статистика (INE).

Најмногу посетители дошле од Велика Британија, каде што пристигнале речиси 1,7 милиони туристи, што е зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво.

На второ место е Франција со 1,3 милиони посетители и раст од 5,1 процент, додека 1,2 милиони туристи пристигнале од Германија, што е пад од 9,1 процент во споредба со април минатата година.