Македонската економија порасна за 3,1%: Градежништвото го предводи растот во 2026 година

Бруто-домашниот производ порасна за 3.1% во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година е 3.1 %.

Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ – Градежништво од 7.2 % и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6.1 %.

Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7.3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86.4 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1.8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година, во однос на првото тримесечје од 2025 година, е 3.3 %.

Стапката на раст на БДП во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3.1%

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на БДП во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година е 3.3%