Индустријата губи кадар: Бројот на работници намален за 2,3% во април

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3 % во април 2026 во однос на април 2025 година

Бројот на работниците во април 2026 година, во однос на април 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за  2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април  2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – април 2026 во однос на периодот
јануари – април 2025 година се намалил за 3.0 %.

Бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 
2025 година,

Се намалил за:

  •    6.8 % во рударството и вадењето камен
  •    2.2 % во преработувачката индустрија

Се зголемил за:

  •    1.0 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација